Бугарската влада ја потврди позицијата кон Македонија – Софија и натаму вели дека е отворена за дијалог

Од:

Владата на Бугарија ја одобри позицијата за учество на состанокот на Советот за општи работи, што ќе се одржи на 22 јуни 2021 година во Луксембург, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Советот ќе размени мислења за политиката на проширување на ЕУ и за процесот на стабилизација и асоцијација и ќе го подготви вонредниот состанок на Европскиот совет на 24-25 јуни 2021 година, кој ќе ги вклучува темите: КОВИД- 19, економско закрепнување, надворешните аспекти на миграцијата, односите меѓу ЕК и Русија, актуелните случувања во источен медитеран и односите меѓу ЕУ и Турција.

Во однос на Северна Македонија, во делот за политиката на проширување на ЕУ и европската перспектива на Република Северна Македонија во позицијата усвоена од бугарската Влада се вели дека земјата се придржува до Декларацијата на бугарското Собрание од 10 октомври 2019 година и рамковната позиција за европската перспектива на Република Северна Македонија, усвоена на 9 октомври 2019 година.

Позицијата на Бугарија во врска со преговарачката рамка и одржувањето на меѓувладината конференција со Република Северна Македонија останува непроменета. Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ треба да ги содржи неопходните гаранции во врска со спроведувањето на Договорот од 2017 година, кои во моментов не постојат. Во ставот на бугарското МНР, се наведува и дека не се исполнети условите за одржување на меѓувладината конференција.

Како заклучок, бугарското МНР нагласува дека во исто време, Бугарија останува отворена за дијалог и презема чекори за градење доверба и враќање кон прагматичен и конструктивен дијалог.

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Ана Ололовска