Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Од:

Здружението за социјални иновации „АРНО“ денеска ги прогласи победниците од натпреварот за зелени бизнис идеи 2021. За најдобри без избрани идеите: „Прва библиотека за играчки“ на Горјана Боневска, „О-круг: Производство на есенцијални масла и ароматизери од отпадни лушпи од портокал“ на Марија Бургиева и идејата „Мини Ирина Тошева“ на модната дизајнерка Ирина Тошева.

Идејата на „О-круг“ е преработка на биоотпад, конкретно лушпи од портокал, од кои ќе се произведува линија на еко-продукти како природни есенцијални масла и освежувачи на воздух.

„Џагор“ е првата библиотека за играчки со која креаторите сакаат да понудат циркуларна алтернатива со можност за изнајмување на квалитетни играчки, справи и помагала, достапни и за оние со минимални примања, а, „Мини Ирина Тошева“ претставува под-етикета на брендот на дизајнерката Ирина Тошева.

На натпреварот пристигнале 33 апликации од кои 13 се натпреварувале во финалето.

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција и се одржува од 2012 година. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. На регионалниот натпревар што претстои, идеите на Боневска и Бургиева ќе се борат за поддршка од 5.000 долари, додека, Тошева ќе се натпреварува за поддршка од 10.000 долари.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Деловни резултати на Јунајтед Груп: Стабилен раст на профитабилноста и трансформација во текот на 2020 и првиот квартал од 2021 година

Ана Ололовска