Славко Јаневски, еден од најпознатите македонски писатели е лустриран како соработник на тајните служби.
Комисијата не го објави неговото име, но ги наведе податоците, дека се работи за академик и писател познат по делото „Селото зад седумте јасени“.
-Станува збор за писател, академик, кој пишувал за село зад седум јасени. Во периодот на шеесетите и седумдесетите години како информатор од идеолошки причини ги кршел човековите права на лица уметници, сликари, писатели и артисти, изјави Предраг Димитровски, портпарол на Комисијата за лустрација.
Досиете на Јаневски се води под псевдонимот„Славјан“.
На 90-годишнината од раѓањето и 10-годишнината од смртта, во 2010 година, власта постави споменик на авторот на првиот македонски роман, Славко Јаневски.
Освен Славко Јаневски, лустрирани се уште 14 поранешни функционери на МВР, кои Комисијата ги прогласи за наредбодатели.
Дел од лустрираните не се веќе меѓу живите.