Неверојатен погодок е виден на натпреварот меѓу Шкотска и Чешка на Европското фудбалско првенство – Чехот Патрик Шик со удар од огромна далечина го лобуваше истрчаниот шкотски голман Дејвид Маршал.
كأس امم اوروبا | اسكتلندا 0 × 2 التشيك | قوووووووووووووووووووووووول عااااااالمي تاااريخي ???????? HD
Follow me: @MnbrMadrid5 pic.twitter.com/Pt7TVrJ94z— عز مع اليورو (@CHESCOHD11) June 14, 2021
Ударот на Шик бил точно 45,5 метри од голот на Маршал, пресметаа светските медиуми, кои веќе ја прогласија мајсторијата на напаѓачот на Баер Леверкузен за најубавиот погодок во историјата на европските првенства, во ранг со голови како волејот на Марко ван Бастен против Советскиот Сојуз во 1988 година.