Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија

Од:

Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија, истакнала министерката за надворешни работи Сигрид Кааг на средбата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Како што соопштија од Владата, средбата се одржала во рамки на НАТО Самитот во Брисел, а Кааг изразила поддршка за евроинтеграцијата на земјава.

„Кааг ги поздрави остварените резултати, со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја истакна нужноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели, давајќи поддршка на евроинтегративните перспективи на Република Северна Македонија со верба дека набргу и формално ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ“-соопштија од владината прес-служба.

Министерот Османи го поздравил, како што велат, холандскиот „строг и фер“ принцип, што значително помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди, во насока на европските амбиции на Република Северна Македонија. Османи се заблагодарил и за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на нашата земја, посебно преку поддршка на судството, реформа на јавната администрација и приближувањето кон европското законодавство.

Како што претходно соопшти „360 степени“, кабинетот на премиерот Марк Руте го известил тамошниот парламент дека на сесијата на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), која ќе се одржи на 22 јуни, холандската влада има намера да го поддржи прифаќањето на преговарачката рамка и одредувањето датум за одржување на првата меѓувладината конференција со Северна Македонија и со Албанија.

Дефинитивниот став што ќе го презентира Холандија пред европските партнери ќе биде утврден по парламентарната дебата која ќе се одржи на 16 јуни, а ставовите на парламентот иако не се задолжителни за владата, таа вообичаено ги следи.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Мицкоски: Да не влегуваме во замката да бидеме вовлечени во предизборната реторика кај нашиот источен сосед

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи