Обезбедени се 5,77 милиони евра за 2.204 угостителски објекти со 11.235 вработени, кои беа затворени со одлука на Владата за спречување на ширење на Ковид рече на прес конференција пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Од нив, 2,99 милиони евра е вкупната поддршка врз основа на пресметаниот просечен месечен приход за 2019 и 2020 година, на кој се аплицира износ од 30% помножен со соодносот на денови колку што овие компании беа затворени во април 2021. Дополнително на ова, секоја компанија добива и поддршка по 15.200 денари за секој вработен според ефективни работни часови. Нивниот вкупен број на вработени изнесува 11.235 лица, што значи поддршка од околу 2,78 милиони евра“ – вели Костадинов.