СДСМ: Повисока дневница и слободен ден за тие кои ќе работат во недела

Од:

Владата го усвои Предлог-законот за работни односи со чии измени недела ќе биде ден за неделен одмор од први октомври 2021 година. Измените на овој закон кои се изработени по пат на социјален дијалог, предвидуваат недела да биде ден за неделен одмор за сите работници, освен за дел од работниците во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат велат од СДСМ.

„Но, овие работници кои ќе работат во недела ќе добиваат дневница повисока за најмалку 50% од редовната дневница, а исто така ќе добијат и слободен ден што можат да го искористат во наредните седум дена. Резултатите од спроведените анализи говорат дека, со овие измени, недела ќе биде ден за одмор за над 92% од работниците во земјава“ 0 се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра