Над 8.000 видни личности главно со молба до Рафаел Кореа за азил за Сноуден

Од:

Над 8.000 познати личности од науката и културата, претежно од САД потпишаа барање до претседателот на Еквадор Рафаел Кореа со молба да обезбеди политички азил за поранешниот службеник во ЦИА, Едвард Сноуден во неговата држава.

Според нив, податоците објавени од Сноуден до голем степен помогнаа да бидат откриени застрашувачки акции на шпионажа извршени од Владата на САД врз граѓаните и луѓе во светот, се вели во документот.

Активистите потсетуваат дека лани упатиле молба за азил и за основачот на Викиликс Џулијан Асанж.

– Ништо не покажува дека податоците откриени од Сноуден се закана за националната безбедност или биле со таква цел, се вели во писмото. Меѓу потпишаните се режисерот Оливер Стоун, публицистот Ноам Чомски,и голем број холивудски актери.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска