Европскиот совет одобри осум милијарди евра за врботување на млади лица

Од:

Шефовите на државите и Владите на земјите-членки на Европската унија, синоќа на првиот ден од Самитот на Европскиот совет во Брисел договорија да се издвојат осум милијарди евра за создавање на нови работни места за младите лица.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, првите луѓе на Унијата, заедно со претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј и првиот човек на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, се договорија фондовите од Иницијативата за младинско вработување да бидат обезбедени од јануари идната година.

Според планот, предвидено е да се создадат работни програми и да им помогнат на младите да најдат работа во други делови на Европската унија.

– Имавме успешен прв ден од Самитот.

Вработувањето на младите лица е едн од нашите најголеми приоритети, заедно со зацврстување на банкарската унија и овозможување на економски раст – појасни претседателот на ЕС, Ван Ромпуј.

Денеска, првите луѓе на земјите-членки на Унијата на агендат ана Самитот на Европскито совет како главна точка го имаат проширувањето и предлогот на Советот за општи работи (ГАК) за потврда на јануари 2014 година како датум кога Србија ќе ги почне официјалните преговори за членство, а наесен Косово да почне да преговара за потпишување на Договор за стабилизација и асоцијација.

Иако 26 земји се за тоа Србите уште во октомври да почнат да преговараат, поради противење на Германија, ќе се очекува имплементација на договорот Белград-Приштина до Самитот на Советот во декември, кога шефовите на државите и Владите ќе мора повторно да дадат зелено светло за Србија на почетокот на идната година да ги почне преговорите.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот