Во Грција се појави бразилскиот сој на коронавирусот

Од:

Прв случај на бразилската мутација P.1.2 (VOC-21JAN-02) потврдена е во Грција, а според грчките медиуми случајот е регистриран кај маж во Атина.

Засега нема информации за тоа како оваа варијанта на вирусот се проширила во земјата.

Националната организација за јавно здравје на Грција, во соопштенијата за новите случаи на Ковид-19 во земјата и за епидемиолошката слика, секој четврток ги вклучува и резултатите поврзани со потврдените мутации, па така, според последните податоци, од 1.567 анализирани позитивни случаи во периодот од 15 април до 27 мај 2021 година, најголемиот дел, 1.112 се однесуваат на британскиот сој Β.1.1.7 (Variant VOC 202012/01), пет се од јужноафриканскиот B.1.351/501Y.V2 (Variant VOC 202012/02), три од индискиот сој B.1.617.2 (VOC-21APR-02) и еден е од бразилскиот P.1.2 (VOC-21JAN-02).

Паралелно 345 позитивни примероци се во групата мутации кои се под надзор.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица