Романија ќе го повлече контингентит од Авганистан до крајот на 2014 година, изјави денеска романскиот министер за одбрана Мирча Душа.
Тој истакна дека романските војници веќе предале три зони под контрола на локалните сили.
Сега во Авганистан има 1.600 романски војници, а во втората половина од годината нивниот број ќе се намали до 500, а на крајот од годината ќе останат 200 романски војници кои нема да учествуваат во воени операции.
– Тоа ќе бидат офицери и специјалисти, кои ќе ја обучуваат авганистанската армија, посочи Душа.
Романија во јули 2002 година испрати околу 1.700 војници во провинцијата Забул. Околу 20 романски војници загинаа во Авганистан, а десетици беа повредени.