Нова снимка: Не се бориме со Заев туку со Вашингтон и Брисел, ова се зборовите на Мицкоски

Од:

Втора аудио снимка со фотографија од Јелена Жугиќ, претседателка на Градскиот комитет на Унија на жени при ВМРО-ДПМНЕ, по пет денови е објавена на „Јутуб“. Во неа се споменува и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. На почетокот од снимката се зборува дека тие се борат со Брисел и Вашингтон, а не со Заев. Снимката до „А1он“ и неколку редакции е испратена утринава, на неколку минути пред 9 часот. За разлика од првата снимка која беше објавена на каналот „Зелен црв“, оваа е објавена на „Голата полјана“. Во снимката која трае две минути се слуша женски глас, а е насловена како „Жугиќ“.

„Ова знаете дека ние не се бориме со Заев, ние се бориме со Брисел, со Вашингтон. Ова е една озбилна, долгорочна стратегија. Секогаш кога зборам ме полазува, да ти е**м, демони некои овде ми дремат. Значи ова е стратегија на декомпонирање, да се заврши она од 1913, во Букурешт што не се заврши. И оваа мала Вардарска што ни остана и таа да ја земат, бидејќи е папокот на светот. Оти е патот свилата. Нам не ни треба ЕУ, ние и требаме на неа. Ние имаме „Алшар“, ние имаме води, ние имаме жито, ние имаме рудници, ние имаме ниви, ние имаме од Бога талентиран, убав, кроток, мил, народ“, се слуша во снимката, на што се дофрла од страна: „Па што бараме таму?“.

По ова, продолжува говорот: „Генерално се ова што ви го зборам, се зборовите на почитуваниот претседател Христијан Мицкоски, ни беше член на претпоследниот извршен комитет на Унија на жени, значи не настапувам самостојно, не се ова мои идеи, ниту пак пораки, затоа и е оваа фаза на посети по општински, да ви ги пренесам директно, изворно, неговите пораки. Оти сите ќе заминеме ако замине претседателот, немојте да мислите дека ние како не знам кој ешалон кој ….(нз), дека нешто ќе останеме. Ќе остане, Жаки, па ќе останам јас, па ќе остане Наде, па ќе остане Магде, па ќе остане Бети, па ќе остане… Притоа, партијата ќе ни ја преземе некакво криминално здружување“.

„Оти да не се лажеме, сите оние бомби, криминали, нели што не демонизира, бандити.. Ни го осудија Никола Груевски за ‘мерцедесот’, а вчера излезе Заев од него, а Гордана Јанкуловска лижи за тоа. Седиме во удобни општински комитети, со парно, убави столчиња. Централата ни е со велелепни лустери, со црвени теписи, со махагони, астали. И чувството ние ‘уау, многу сме конфорни’. Јас не можам да седам на овие состаноци, јас сум тргната во војна“, се слуша во аудио материјалот објавен на „Јутуб“.

„А1он“ ја контактираше Јелена Жугиќ чија фотографија се наоѓа на снимката. Таа не одговори на прашањата дали на аудио материјалот е нејзиниот глас и дали е автентичен.

„Неовластеното тонско снимање е кривично дело , се воздржувам од било кој друг коментар“, одговори Жугиќ на прашањата од „А1он“.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски