Оваа година Мила Царовска од позиција на министерка, кон образованието и кон учениците се однесуваше како кон експериментални глувци, при што влијаеше врз сериозното уназадување на една цела генерација на ученици. Немаше дел од образованието кој не страдаше од импровизациите на Царовска вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.
„Лошиот модел на електронско следење на наставата, без притоа владата да обезбеди соодветни електронски уреди за следење на наставата за децата од социјално загрозените категории остави 15.000 ученици надвор од системот. Практично 15% од учениците не беа во можност да ја следат наставата онлајн. Дигитализацијата на Царовска не е ништо друго, туку само можност за некоја фирма блиска до власта да земе можеби тендер од над 120 милиони евра. Царовска е најголемата неприродна катастрофа која му се има случено на образованието, а грешките кои ги направи се долгорочни и далекусежни“ – рече Василевска на прес конференција во Собранието.