Грција: Газдите ќе можат да бркаат работници кои ќе ги загрозат фирмите со тоа што не се вакцинирани

Од:

Не може една компанија да биде во опасност да се затвори, бидејќи еден вработен сака да го искористи неговото наводно право да не се вакцинира. Компанијата може да отпушти работник, ако тој ја изложува фирмата и колегите на ризик, изјави денеска министерот за развој и инвестиции на Грција, Адонис Георгиадис во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“.

Тој рече дека е очигледно оти оној кој ќе одлучи дека не сака да се вакцинира, знаејќи дека тоа ги загрозува животите на неговите сограѓани, „не може да ги има истите степени на слобода што ќе ги имаат вакцинираните“.

– Сопственик на голем хотел вчера дојде во мојата канцеларија и го покрена прашањето дека мал дел од персоналот не сака да се вакцинира. Заклучивме дека ќе треба да ги информираме вработените дека за безбедноста на компанијата, ќе треба сите да се вакцинираме, а оној кој не сака да се вакцинира, ќе треба да ги сноси и последиците од неговата одлука. Не може една компанија да биде во опасност да се затвори бидејќи еден вработен сака да го искористи неговото наводно право да не се вакцинира. Според постоечкиот закон за работни односи, компанијата може да отпушти вработен, ако работникот ја изложува компанијата во опасност, рече Георгиадис.

Во интервјуто за „ЕРТ“ се осврна и на олеснувањата кои во иднина ќе ги имаат вакцинираните, како пример споменувајќи го пристапот до затворените простори, но сепак објасни дека овие одлуки ќе бидат донесени кога ќе има доволен број вакцини и можност за сите да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната