Дрски скопски крадци влегле преку балкон и ограбиле мајка и ќерка, додека жртвите спиеле

Од:

Скопското обвинителство поведе постапка против скопски крадец и негов помошник, кои во тандем ограбиле две семејства, влегувајќи во нивните станови преку отворените балкони. Тие се осомничени дека како соизвршители сториле две тешки кражби, соопштија од ОЈО Скопје.

– По претходен меѓусебен договор, на 1 јуни 2021 година, додека соизвршителот пред влезот на зградата внимавал да не наиде некој, осомничениот влегол во стан на оштетените. Додека во станот спиеле оштетените – мајка и ќерка, украл две женски чанти, паричници и документи. Притоа, една од оштетените се разбудила и го забележала осомничениот кој веднаш го напуштил станот. На сличен начин, била извршена тешка кражба и на 5 јуни 2021 година. Додека соизвршителот внимавал, осомничениот се прекачил преку балкон во станот на оштетените, влегол и украл ташна во која имало паричник и други предмети, информираат од скопското обвинителство.

Со дејствијата кои ги презел, осомничениот сторил две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик, додават од обвинителство. Надлежниот јавен обвинител во насока за натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, за овој осомничен до Судот поднесе Барање за определување на мерката притвор.​

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

Син уби татко во Скопје

А1он

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски