Претрес во струмичко, пронајдена дрога

Од:

Полициски службеници уапсиле 36-годишен жител на струмичкото село Василево, откако денеска за време на претресот во неговиот дом била пронајдена дрога.

„Денеска во с.Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слободаТ.М.(36) од с.Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја“, информира Министерството за внатрешни работи.

Како што се додава во соопштението на МВР, при претресот во неговиот дом биле затекнати и две женски лица од Радовиш, Г.О. и малолетничка, која живеела во домот со Т.М.. Со нив бил извршен разговор, а Т.М бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он