Еквадор соопшти дека Сноуден може да добие азил во секое време

Од:

Еквадорските власти соопштија денеска дека може да обезбедат азил за Едвард Сноуден во секое време, со што се појавија нови сомневања дека американскиот бегалец може наскоро да го напушти московскиот меѓународен аеродром Шереметиево.

Одлуката за барањето ан Сноуден за азил може да донесе за „еден ден, недела или како што беше во случајот со Асанж – за два месеца, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Еквадор Рикардо Патињо Арока.

Според руски медиуми, фокусот на новинарите на аеродромот денеска бил за летот за Куба во 10.05 по Гринич од каде Сноуден би можел да продолжи кон Еквадор.

Но, ниту тој ниту активистката на Викиликс Сара Харисон која го придружува откако го напушти Хонгконг во неделата, не биле забележани за летот за Хавана. Руската компанија Аерофлот потврди дека авионот полетал, но недаде коментар за списокот на патници.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска