Приведени двајца скопјани поради тешки кражби во станови

Од:

Приведени се двајца скопјани кои во повеќе наврати извршиле тешки кражби во станови, каде одзеле пари и платежни картички, а на првопријавениот му е одреден и притвор.

МВР информира дека СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднеле кривична пријава против А.Н.(35) и А.Д.(26), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба на дрзок начин“.

-Врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија дека во повеќе наврати извршиле тешки кражби во станови, каде одзеле пари и платежни картички, вчера биле извршени претреси во нивните домови. При претресите биле пронајдени и одземени повеќе предмети поврзани со кривичните дела меѓу кои и платежни картички во сопственост на оштетени лица, велат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица, а на првопријавениот му бил одреден и притвор од судија на претходна постапка.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи