Во паркиран и заклучен автомобил во хрватскиот град Книн денеска е пронајдено починато дете, јавија локалните медиуми.
Информацијата ја потврди претставникот на шибенско-книнската полиција, Шиме Павиќ, кој изјави дека полицијата попладнето добила дојава дека на паркинг во градот е оставен автомобил во кој се наоѓа починатото дете.
Според пишувањата на хрватските медиуми, полицијата се сомнева дека детето починало од превисоката температура во автомобилот во кој било заклучено. Жртвата нема повеќе од четири или пет години, неофицијално откриваат полициски извори.
Во тек е увидот, кој треба да ги расветли сите околности на оваа ужасна трагедија.