Тетовец скоро цела година тајно трошел од картичката на сопругата, сега може да оди во затвор

Од:

43-годишен жител на Тетово скоро една година, без да ја праша сопругата, подигнувал и трошел пари од нејзината платежна картичка, а сумата која ја потрошил достигнала речиси 7.000 евра.

Измамената сопруга го пријавила, па полицијата му поднесе кривична пријава, информираат од МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на кредитна картичка“. Пријавениот, во периодот од 11.03.2020 до 05.02.2021, во повеќе наврати од платежна картичка на неговата сопруга, без нејзино знаење подигнал вкупно 419.000 денари“, се вели во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност