Возачот на „Ред Бул“ Марк Вебер на крајот од сезоната ја напушта Формула 1. Тој одлучил да се вклучи во проектот на „Порше“ за освојување на трката „24 часа Ле Ман“ како и други елитни трки со спортски болиди.
36-годишниот Вебер кој во досегашната кариера има победувано девет пати на Гран При трките ја отфрли можноста, во „Ред Бул“ или во некоја друга екипа, уште една година да остане во Ф1.
Негова најдобра сезона беше во 2010 година кога во финишот ја изгуби трката со Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо за првото место во генералниот пласман.