ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ утре на протест, бара да се објави за што се преговора со Бугарија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира предупредувачки протест во Скопје и во 10 други градови во земјата со барање документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничката влада во Бугарија да биде ставен на увид на јавноста, рече денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски на средба со новинарите.

Протестот ќе биде во периодот од 15 до 17 часот на три локации во Скопје и тоа кај зградата на Нова Македонија, кај Парламентот и кај ТЦ „Мавровка“, како и во 10 други градови

Мицкоски на средбата со новинарите рече дека опозицијата не е информирана за преговорите со Бугарија. Повикувајќи се на сериозни дипломатски извори, Мицкоски рече дека се преговарало за прифаќање на услови од првите пет поглавја односно каде што се опфатени јазикот, културата, традицијата, историјата, посебноста… и тоа да влезе во патоказот.

Едно од можните сценарија, според него, е разговорите да продолжат по парламентарните избори во Бугарија и избор на политичка Влада. Мицкоски, меѓу другото, потврди дека имал средба со претседателот Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски