Глобално искоренување на коронавирусот во моментов не е разумна цел, изјави Дејвид Набаро, специјален пратеник на Светската здравствена организација за Ковид-19.
– Човештвото ќе мора да научи да коегзистира со овој вирус, спречувајќи го нагло да еруптира и да предизвика жаришта на болеста. Искоренувањето во моментов не е разумна цел за светот, изјави д-р Набаро за Скај Њуз.
Тој додаде дека се испитуваат извештаи за непалска варијанта на вирусот.
– Секогаш кога има нагло зголемување на заболените, тоа предизвикува мисла во нечиј ум дека можеби да се појавила нова варијанта. Тоа не би било изненадувачки. Набаро рече дека тоа ќе биде „шемата во иднина и дека вирусот нема наскоро да исчезне, туку ќе се појават и други варијанти.