Група која тврди дека е дел од движењето „Анонимус“, повика на „војна“ против Илон Маск, обвинувајќи го основачот на „Тесла“, меѓу другото, за манипулација со цените на криптовалутите.
„Можеби мислите дека сте најпаметната личност, но сега наидовте на рамни на себе”, порачува групата во видеопорака објавена на каналот „Анонимен јутјуб”, кој има околу 145.000 претплатници и на Твитер профил со повеќе од 5,8 милиони следбеници.
Маск, кој исто така го основаше „SpaceX“ и е третата најбогата личност во светот со богатство проценето на 151 милијарда долари, очигледно го привлече бесот на групата со неодамнешните твитови кои ја намалија цената на биткоинот.
„Милиони мали инвеститори навистина сметаа на крипто-валутите за да ги подобрат животите. „Тоа е нешто што никогаш нема да го разберете затоа што сте родени во украденото богатство на рудникот за смарагди во Јужна Африка и немате идеја низ каква борба минува работничката класа”, велат Анонимус.
Групата, исто така, го обвини Маск за експлоатација на детски труд во рудници за литиум низ светот.
„Уживате во репутацијата на милијардер, бидејќи ја искористивте желбата на многумина од нас да живееме во светот на електричните автомобили и истражувањето на вселената. Но, во последно време, вашата внимателно креирана слика е разоткриена и луѓето почнуваат да ве гледаат како уште еден нарцисоиден богат човек кој очајно бара внимание “, велат од групата.
Don’t kill what you hate,
Save what you love— Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2021
Маск не одговори директно на заканата, но околу 20 минути откако групата го објави видеото, тој се префрли на Твитер. „Не убивајте го она што го мразите, зачувајте го она што го сакате“, порача тој.