Хејгел изрази надеж дека Русија ќе го врати Сноуден во САД

Од:

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел изрази надеж дека Русија ќе го врати Евдард Сноуден во САД, бидејќи тој ги прекршил американските закони и и наштетил на националната безбедност.

– Се надевам дека Русите правилно ќе постапат и ќе го вратат Сноуден во САД, истакна Хејгел на прес-конференција во Пентагон.

Тој претпостави дека Москва не донела конечно решение, откако стана познато дека Сноуден останува во транзитната зона на аеродромот.

Во врска со Кина САД изразија голема разочараност поради одбивањето на Пекинг да го предадат Сноуден, кој одререно време се криеше во Хонгконг.

– Работите можеа да се решат на поинаков начин. Но односите не се градат околу една или две теми, тукутие претставуваат еден цел систем. Има повеќе области во кои соработуваме со Кинезите, но и други, во кои се натпреваруваме, додаде Хејгел.

Во меѓувреме еквадорската Влада соопшти дека не му обезбедила пасош на Сноуден.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска