Почина Џејмс Пердју, посредникот во постигнувањето на Рамковниот договор

Од:

Во средата, на 77 години, почина Џејмс Пердју, американскиот дипломат кој помогна во склучувањето на Охридскиот договор во 2001 година и завршувањето на воениот конфликт, објави весникот „Арканзесонлајн“, без детали за причината за неговата смрт.

Пердју на македонската јавност и е познат како еден од седумте потписниците на Охридскиот договор во август 2001 година, со кој заврши воениот конфликт во нашата земја. Покрај него, свои потписи на Охридскиот, на 13 август 2001 година, ставија и тогашниот претседател Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Арбен Џафери, Имер Имери и Франсоа Леотар.

Џејмс Пердју остави значаен нелег на Балканот, како дел од екипата на познатиот дипломат Ричард Холбрук, потоа како американски претставник за Македонија за време на воениот конфликт 2001 година. Тој го претставуваше американскиот министер за одбрана на преговорите во Дејтон за иднината на БиХ, а беше и заменик-специјален советник на претседателот на САД за време на конфликот во Косово и имплементацијата на мировниот договор.

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон го именуваше Пердју за американски претставник за воена стабилизација на Балканот во 1997 година, со ранг амбасадор.

Од 2002 до 2005 година Пердју беше и амбасадор на САД во Бугарија.

Годинава Пердју остро ја критикуваше бугарската блокада на Македонија. За Дојче веле во јануари годинава тој изјави дека. „Националистите во Бугарија гледаа како Грција го користи своето членство во ЕУ за да изврши притисок врз Северна Македонија. И тие одлучија да ја спроведат истата стратегија. Но, времето за малтретирање на Северна Македонија заврши“.

Би можело да ве интересира

Почина поетесата и авторка за деца, Славка Арсова

Почина писателката Оливера Николова

Почина Квинси Џонс

Македонската естрада се збогува од Зоки Фаци

Катерина Ѓуровски

Почина Зоки Фаци, ја загуби битката со ракот

Катерина Ѓуровски

43-годишна жена починала во просторија за преглед во болницата „8 Септември“

Горан Наумовски