СДСМ: Ниту една лага од белиот дворец не може да го покрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против здравјето на граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ континуирано свесно, злонамерно и на штета на граѓаните ја опструира и блокира изградбата на нов Клинички центар и шири тешки невистини за наводен криминал. Тврдењата на деструктивната партија предводена од Мицкоски дека во соседна Србија се гради Клинички центар за далеку помала сума се чиста лага, обид за манипулација на јавноста велат во писмената реакција од СДСМ на прес конференцијата на Оливер Зафировски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Град Скопје ќе се гради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар од 110.000 м2., кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги кои ги исполнуваат сите современи стандарди во медицината и потребите на граѓаните. Ниедна лага не може да го покрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против здравствениот систем против здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат со барања алиби за блокадите и да се престројат на страната на граѓаните, а не да се спротивставуваат на се што е добро за граѓаните и за државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мицкоски: Поголема одговорност во трошењето јавни средства

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски