А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Советот на ЕУ одби пристап до содржината на словенечкиот нонпејпер за Балканот

by А1он04/06/2021 - 13:49195
Share0

По формално новинарско барање преку воспоставените правила за достап до информации за увид во содржината на словенечкиот нонпејпер кој ја разбрани балканската јавност пред еден месец, службите на Советот на ЕУ одбија, но потврдија дека документот постои, јави дописничката на МИА од Брисел.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во одговорот на генералниот секретаријат на новинарското барање за увид во словенечкиот нонпејпер, Советот на ЕУ одговори:

-Генералниот секретаријат успеа да идентификува само еден документ кој спаѓа во оваа дефиниција. По внимателно разгледување, жалам што морам да ве информирам дека пристап до овој документ не може да се дозволи, затоа што ова барање јасно спаѓа во исклучокот на членот 4(1)(а) на Регулативата на Европската Комисија 1049/2001, според која “институциите ќе одбијат пристап до документи чие обелоденување би ја поткопала заштитата на (…- јавност интерес во однос на меѓу другото “меѓународните односи, стои во официјалниот одговор на Советот на ЕУ.

Новинарот кој го поднел барањето и чиј идентитет не се открива има право да побара ревизија на оваа одлука во рок од 15 дена, тоа барање треба да го оправда.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со овој одговор меѓутоа се потврдува дека ваков документ поднесен од страна на Словенија постои.

За потсетување информацијата објавена прво во словенечките медиуми и потврдена од неколку политичари во регионот обелодени дека владата на Јанез Јанша поднела нонпејпер во кој се предлага прекројување на границите на западен Балкан.

Советот на ЕУ ниту претседателот на Европскиот Совет ниту еднаш не прифатија да потврдат дека постои овој документ.

balkan

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Европската перспектива на Балканот не смее да се одложува

Горан Наумовски21/05/2026 - 21:04

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

Горан Наумовски13/05/2026 - 13:27

Марк Руте: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:16

ВИДЕО: Пробивање канал низ Србија и Македонија, наводен план на Кина

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 19:15

Конференција на НАТО: Балканот повторно би можел да стане „буре барут“

Горан Наумовски19/10/2025 - 18:55

Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаност на затворите

Горан Наумовски08/10/2025 - 08:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто