Кукан: Целиот ЕП сака Србија да добие датум

Од:

Словачкиот европратеник Едуард Кукан изјави дека целиот Европски парламент сака Србија на самитот на ЕУ во Брисел да добие јасно ветување за датум, за почеток на пристапните преговори, бидејќи Србија тоа го заслужува.

-Тоа што ЕУ и Европската комисија го бараа Србија го исполни. Се договорија со Косово, изработија план за имплементација на договорот. Сега е на ЕУ да се докаже дека е достојна за доверба и да го исполни она што го вети-истакна тој.

Кукан нагласи дека Европскиот совет мора да го оцени она што Србија го исполни, доколку поради некои непредвидени околности државата не добие датум.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања