Бајден ја прошири „црната листа“ на кинески компании кои наводно соработуваат со војската

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден ги заостри ограничувањата кон кинеските компании, наводно поврзани со кинеската војска и потпиша одлука со која им се забранува на Американците да купуваат или продаваат хартии од вредност на 59 кинески компании од 2 август.

Кинеската влада се спротивстави на овој потег уште пред да биде објавен.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин рече дека САД ги игнорираат фактите и дека треба да ги „исправат грешките“ и „да престанат да им штетат на глобалниот финансиски пазар и интересите на инвеститорите“. Новата мерка се надоврзува на наредбата издадена од претходникот на Бајден, Доналд Трамп, во ноември, со списокот на црната листа на повеќе од 50 кинески компании со наводни врски со војската.

Наредбата на Бајден сега ги опфаќа компаниите што САД ги обвинуваат за употреба на технологија за надзор што овозможува кршење на човековите права. Во одлуката се наведува дека САД ги бранат американските инвестиции во кинески компании кои „ги поткопуваат безбедноста и демократските вредности на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници“.

Белата куќа додава дека списокот ќе се ажурира доколку е потребно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја