Општината прередува камења на две стари охридски улици

Од:

Со цел подобрување на условите за движење на пешаци и возила и санирање на оштетувањата Општина Охрид спроведува градежни активности за рехабилитација и санација на улици и пешачки патеки во стариот дел на Охрид.

Моментално се работи на улицата „Самоилова“ каде што се врши прередување на старите гранитни плочки и поставување на нова тампон основа. На деловите каде што има поголеми оштетувања се поставуваат нови гранитни плочки.

Од Општина Охрид информирааат дека откако ќе финишираат активностите за рехабилитација на улица „Самоилова“ ќе започнат градежни активности за рехабилитација на улицата „Коста Абраш“ како и на други улици каде што се евидентирани оштетувања. Се очекува да бидат рехабилитирани и прередени 2.500 метри квадратни.

Овие активности се дел од програмските планови за партерно уредување и за таа намена од буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,2 милиони денари.

Со средства на Општина Охрид изминатиот период во стариот дел на градот беа изградени потпорни ѕидови на две локации.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски