Бајден потпиша дека САД ќе се борат против корупцијата насекаде во светот

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша меморандум со кој се прогласува борбата против корупцијата во светот како една од клучните задачи во областа на националната безбедност. Ова го објави висок службеник на американската администрација за време на специјалниот телефонски брифинг околу таа иницијатива.

– Со овој меморандум, американскиот претседател официјално ја воспостави борбата против корупцијата како клучна задача на националната безбедност на САД. Претседателот ја декларира својата посветеност на оваа борба за време на предизборната кампања, истакна официјалното лице.

Според него, „од Владата се бара да разгледа и да му поднесе извештај на претседателот во рок од 200 дена за тоа како администрацијата и нејзините партнери можат да ги зајакнат и координираат чекорите за зајакнување на борбата против корупцијата“.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

„Корупцијата е прифатлива за голем дел од граѓаните, а борбата во таква ситуација е потешка“