Возач-тетовец удрил жена на Партизанска и избегал, ама полицијата го фатила

Од:

Возач од Тетово вчера претпладне удрил во 78-годишна жена-пешак и тешко ја повредил на скопскиот булевар „Партизански одреди“, по што избегал од местото, а полицијата подоцна го пронашла.

„На 02.06.2021 во 10.15 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо боксер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано до М.Б.(26), удрило во пешакот Н.К.(78) од Скопје и го напуштило местото, но подоцна бил пронајден“, соопшти полицијата.

„Н.К. била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќаjка кај Задар – двајца загинати

А1он

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ