Тешко повреден 64-годишен градежен работник, паднал од објект во Центар

Од:

64-годишен скопјанец, кој работел како градежник, паднал од објект во Центар што го градел и се здобил со тешки повреди, соопшти полицијата.

„На 02.06.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен Д.В.(64) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со Д.В., кој изјавил дека околу 15.00 часот, додека извршувал работни задачи на објект во изградба на подрачје на Центар, се лизнал и паднал од висина“, се вели во соопштението од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а со настанот е запознаен трудов инспектор.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари