Уапсени тројца скопски разбојници

Од:

„На 02.06.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Г.Ѓ.(31), М.Б.(34) и Б.Ф.(49), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривични дела разбојништво. Г.Ѓ. и М.Б. се сомничат дека на 27.05.2021 во финансиско друштво со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет. Врз основ на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Б., при што биле пронајдени предмети од интерес на истрагата“, соопшти МВР.

„Б.Ф. се сомничи дека на 29.05.2021 во угостителски објект на бул.„Александар Македонски“, по претходна вербална расправија, физички ја нападнал Х.Б.(45) од Скопје и ѝ одзел пари и накит“, велат од полицијата, додавајќи дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он