Кина веќе победува во третата светска војна- со пари

Од:

The Hill

Зошто да се мачите со употреба на воена моќ кога можете да го потчините вашиот противник со економски средства, пишува за весникот „Хил“ политичкиот советник и писател на говори на поранешните американски претседатели, Роналд Реган и Џорџ В. Буш, Даглас Мекинон.

Мекинон го критикуваше феноменот на почитување на Кина меѓу истакнатите холивудски фигури, спортски клубови, бизнисмени и академици во американското општество и подготвеноста на поединците да се понижат за да избегнат да ја навредат Кина.

Мекинон, во напис во весникот „Хил“, осврнувајќи се на кинеското влијание во САД, вели дека е јасно дека овие личности се однесуваат така само за да ги задржат кинеските пари да продолжат се слеваат на нивните банкарски сметки и дека кинеската железна тупаница држи приклештени илјадници луѓе низ целиот свет под неговиот позлатен палец.

Тој го цитираше републиканскиот сенатор Марко Рубио, кој вели дека Кина „им ја остави задачата на големите американски компании и нивните лидери да форсираат и вршат притисок со цел да се усвојат политиките што се во интерес на кинеската позицијата на Кина“.

Поткопување на интересите на САД

Мекинион во текстот истакнува дека повеќето од овие личности се подготвени да ги игнорираат грубите повреди на човековите права во Пекинг, така што кинеските пари ќе продолжат да се влеваат во нивните џебови.

Од тие причини тој се запраша: дали раководните лица на Холивуд, претседателите на колеџи, водачи на големи спортски клубови и богати технолошки компании ќе зборуваат за овие прекршувањана правата?

Тој нагласува дека одговорот на тоа прашање е веќе познат: Не.

Мекинон, кој служеше како специјален асистент на Пентагон за политика и комуникација во последните три години од администрацијата на поранешниот претседател Џорџ В. Буш, кажа дека кинеското цивилно и воено раководство дејствува во интерес на својата држава.

„Зошто да се мачите со употреба на воена моќ кога можете да го потчините вашиот противник со економски средства,“ коментира тој.

„Без разлика дали некои левичари, мејнстрим медиумите или американски компании, Холивуд и академијата сакаат да го признаат тоа, Кина работи на остварување на победа, а победата на Комунистичката партија вообичаено значи уништување на интересите на САД со сите можни средства“, додаде тој.

Како тов на пилиња и говеда

Тој смета дека е шокантно што САД дозволуваат кинескиот режим лесно да победи во сите области.

„Лидерите на Комунистичката партија мораа да го потиснат чувството на зачуденост затоа што американските компании, универзитети, колеџи, холивудски филмски студија и спортски федерации се подготвени да се хранат со пари на Комунистичката партија што им се влеваат во џебовите.

„Тоа е како товење кокошки и говеда додека не ја завршат својата работа и не бидат подготвени за јадење“, додаде тој.

Мекинион посочи дека американскиот државен секретар Антони Блинкен ги допрел овие реалности за време на своето интервју за Си-Би-Ес, кога кажа: „Гледам дека, како што одминува времето, Кина верува дека може да биде, треба да биде и ќе биде доминантна држава во свет “.

„Замислете го изненадувањето на кинеските лидери (кои сфатија) дека за да се постигне глобална хегемонија, наместо да почнат Трета светска војна, тие едноставно треба да напишат некои чекови“, заклучи Мекиннон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја