Поранешниот премиер на Киргистан, Омурбек Бабанов е уапсен и одреден му е двомесечен притвор под сомнение за корупција, изјави канцеларијата на окружниот суд во Бишкек.
– Судот донесе одлука за притвор на Бабанов од два месеца, изјави претставник на судот.
Како што претходно е соопштено од Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан, поранешниот премиер е осомничен за корупција при спроведувањето на проектот за развој на рудникот за злато Кумтор. Тој беше приведен од специјалните служби на 31 мај.
Бабанов беше премиер во времето на поранешниот шеф на државата Алмазбек Атамбаев и главен против кандидат на поранешниот претседател Соронбај Женбеков на изборите на 15 октомври 2017 година.