Вакцинацијата на сите пунктови низ државата, според здравствените власти, се одвива непречено, а интересот секојдневно се зголемува тврдат од Министерството за здравство. Од таму велат дека активноста нема да запре со оглед на најавите дека ќе пристигнат нови количини вакцини, а има доволно вакцини и за втора доза.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 433.787 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 2.057 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14.763 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 331.034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94.156 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти вчера Министерството за здравство.
Пристигнаа 11 700 вакцини од „Фајзер“ кои се дистрибуираат, а во текот на неделава очекуваат и други вакцини од Бугарија и Грција. Месецов треба да пристигнат околу 110 илјади Фајзер вакцини преку Ковакс системот и околу 80 илјади преку нашиот директен договор.
Во текот на неделава очекуваат и други вакцини од Бугарија и Грција. Месецов треба да пристигнат околу 110 илјади Фајзер вакцини преку Ковакс системот и околу 80 илјади преку нашиот директен договор.
Овој месец би требало да стигнат и 500 илјади дози од кинеската вакцина „Синовак“, којашто Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба.
Инаку, вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 183.
Во Скопје во текот на вчерашниот ден беа хоспитализирани нови девет пациенти поради компликации од коронавирусот. Во главниот град вкупно се лекуваат 74 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19.
Во ковид центрите во болниците низ земјава вчера е пријавено дека се лекуваат вкупно 109 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември вчера имало три примени пациенти и четворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.