На персоналот на белоруската дипломатска мисија во НАТО ќе му биде ограничен пристапот до седиштето на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
– Одлучивме да го ограничиме пристапот на персоналот на белоруската мисија до седиштето на НАТО, изјави Столтенберг на прес-конференција, без да даде повеќе детали.
Принудното слетување на патнички авион во Минск и апсењето на опозициски новинар предзвика криза во односите меѓу Белорусија и Западот. НАТО и Белорусија одржуваат врски од 1992 година, а земјата има дипломатска мисија во НАТО од април 1998 година.