Инспектори од внатрешна контрола на Агенцијата за катастар од утрово, во акција за казнување на вработените во сите катастри во државата. Без никакви претходни укажувања или опомени за најмали пропусти. цели одделенија се казнуваат со 10% од плата, објави порталот Скај.
– Наместо да дојдат и да ни оджат часови едукација како да работиме, бидејќи секој месец ги менуваат законите, тие денеска се пуштиле масовно да не казнуваат. Сигурни сме дека немаат пари во буџетот и ова е еден од начините да се намалат трошоците за плата на администрацијата- вели, за порталот, еден од казнетите службеници.
Казнетите службеници, велат дека се жртви на партиските превработувања последниве две години, за кои сега Владата очигледно неможе да обезбеди плати.
А1 се обиде, некој од казнетите да даде изјава во камера, но сите се плашат.