Додека Едвард Сноуден е во Москва, а Вашингтон настојува за негова екстрадиција во САД, многумина во Еквадор почнаа да укажуваат дека државата може да биде најголем губитник од меѓународниот случај околу бегалецот, јавуваат американски медиуми.
Додека Владата на Рафаел Кореа молчи за молбата на Сноуден за азил, локални аналитичари укажуваат дека се можни економски загуби доколкумусе даде азил на Сноуден.
Одлуката на властите во Кито е во зависност ито така и од прашања како слободата на изразување и меѓународната борба со тероризмот, тврдат аналитичари.
За разлика од Куба, Кина или Русија, администрацијата на Обама може брзо да упати удар за Еквадор со одземање на повластици за ниски царини за увоз на еквадорски зеленчук.
Тој извоз е во вредност од стотици милиони долари во годишниот извоз на Еквадор од кој половината е за САД, наведуваат американски медиуми.