Германија/Анкета: Мнозинството „за“ ограничување на бројот на мандати како канцелар на државата

Од:

Мнозинство Германци се за ограничување на времето кое еден политичар може ја извршува функцијата канцелар, покажува анкета на ЈуГов за новинската агенција ДПА.

Во анкетата 61 процент од испитаниците се за ограничување на бројот на мандати, а 24 проценти – против. Петнаесет проценти одбија да одговорат. Во Германија нема ограничување на бројот на мандати за канцелар.

Канцеларката Ангела Меркел треба да се повлече од функцијата 16 години по националните избори во септември.

Хелмут Кол, кој беше канцелар од 1982 до 1998 година, исто така ја извршуваше функцијата 16 години. Конрад Аденауер беше канцелар на Западна Германија 14 години, од 1949 до 1963 година.

Истражувањето покажа дека желбата за ограничување на мандатот е најсилна меѓу приврзаниците на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) – 80 проценти.

Поддршката е најслаба во централниот блок ЦДУ/ЦСУ на Меркел, со само 48 проценти.

Во студијата учествувале 2.085 испитаници помеѓу 21 и 24 мај 2021 година. Резултатите се сметаат за репрезентативни на германското население на возраст од 18 години и повеќе.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија