Одржан состанок меѓу градоначалниците од Брегалничко- струмичкиот регион

Од:

Во Штип денеска се одржа дваесеттото Собрание на градоначалници од Брегалничко- Струмичкиот регион. На средбата присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Тахир Хани.

„Имам можност да ги информирам претставниците од двата плански региони за тоа дека Владата на република Македонија го прифати предлогот да се пристапи кон измена и дополнување на Законот за регионален развој, во насока на кофинансирање на регионалните центри, со тоа што регионалните центри ќе бидат кофинансирани 50:50, и од страна на општините и од страна на владата“, изјави министерот за локална самоуправа, Тахир Хани.

На средбата се дискутираше за грантовите што ги добија Центрите за развој на планските региони преку ГИЗ РЕД програмата, како и за проектите за изградба на регионални системи за управување со отпад. Од страна на министерот беа презентирани и проектите што се реализираат во моментот од страна на Министерството за локална самоуправа.

Заклучокот на градоначалниците од двата региона е дека за економски развој на овој дел од Македонија е неопходно да се започне со посериозни проекти за подобрување на патната инфраструктура со што би се привлекле новите инвеститори.

М.Р.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор