Министерот за надорешни работи на Србија Вук Јеремиќ изјави денеска дека барањето на Косово за прием во членството во Обединетите Нации за време на неговото претседавање со Генералното собрание на светската организација би бил акт на бесмислена провокација, која тој не би ја дозолил.
„Се додека Србија претседава со ОН, а тоа е следната една година, тоа може да се случи само преку мене мртов“, порача Јеремиќ.
Тој рече дека се надева дека поднесување на такво барање нема да се случи.
Јеремиќ потсети дека две членки на Советот за безбедност на ОН имаат право на вето и јасен став, а тоа е дека Косово не е држава и како таква не може да стане членка на Светската организација.