Талевски информираше за сработеното од почетокот на мандатот

Од:

Градоначалникот на Битола Владимир Талевски на денешната прес-конференција информира за реализираните проекти во изминатите 70 дена.

– Во индустриската зона Жабени, условите што ги создававме веќе неколку години ни донесоа одлични резултати. „Кромберт и Шуберт“ ја изгради својата фабрика и досега има 580 нововработени наши сограѓани. Планот е до крајот на годинава да се вработат 1.000 лица, следната година уште 1.000 и во 2015 година уште околу 500, или околу 2.500, рече Талевски.

Посочи дека деновиве очекуваат да побараат одобрение за градба уште неколку инвеститори, а градежното претпријатие Пелистер и Јури градат два големи комплекси на станови.

– Најавивме најмалку 100 улици во следниве четири години. Првите 25 се во различна фаза на реализација. Планираме уште четири нови кружни тека, рече Талевски.

Тој истакна дека е завршен Скејт паркот, инвестираат во Зоолошката градина, во тек е реконструкција и обнова на киното на браќата Манаки, почната е изградбата на Црн мост…

Најави подземни гаражи, три нови детски градинки, реконструкција на основните училишта, во завршна фаза е Домот за стари лица „Сју Рајдер“, со помош од Европската банка се работи на подобрување на водоснабдувањето во руралните средини, се санира големата спортска сала…

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година