Ѓоковиќ го доби Американецот Сандгрен во првото коло на „Ролан Гарос“, со Надал можно во полуфиналето

Од:

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, во првото коло на „Ролан Гарос“ ќе игра против 66-торангираниот на АТП листата, Американецот Тенис Сандгрен, одлучено е денеска со жрепката во Париз.

На патот до финалето Ѓоковиќ нема да има лесна задача, бидејќи во четвртфиналето негов потенцијален противник би бил Швајцарецот Роџер Федерер, додека 13-ет кратниот освојувач на грен-слемот турнирот во Париз, Рафаел Надал, би бил противник на српскиот тенисер во полуфиналето.

Роланд Гарос почнува на 30 мај, а наградниот фонд изнесува 34.367/215 евра.

Титулата ја брани Шпанецот Надал, апсолутниот рекордер со 13 освоени титули.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата