Тројца авганистански чувари се убиени и еден е повреден, во напад на талибански борци врз претседателската палата во Кабул, во близина на канцелраијата на ЦИА, изјави портпаролот на авганистанската влада Рафи Фердус.
Четворицата чувари биле на пункт крај хотелот „Ариана“, каде се наоѓа канцеларијата на американската разузнавачка служба.
Нападот е извршен рано изутринава од четворица мажи, облечени како војници на НАТО.