Обвинители тврдат дека поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати

Од:

Поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума примил мито повеќе од 700 пати пред да стане шеф на државата, соопштија обвинителството, на почетокот на судењето на поранешниот лидер поради корупција.

Зума, претседател на најразвиената африканска економија од 2009 до 2018 година, е обвинет за бројни случаи на корупција, но и за рекетирање, измами, затајување данок и перење пари. Тој е обвинет, меѓу другото, и за примање мито во готовина од француската компанија Талес, која произведува оружје.

Зума ја негираше вината по сите точки на обвинението, тврдејќи дека судскиот процес против него бил политички мотивиран. Доколку биде осуден, Зума (79) може да се соочи со затворска казна од 25 години.Обвинувањата за корупција се однесуваат на период кога Зума бил политичка фигура во подем и период кога бил потпретседател на Јужна Африка, од 1999 до 2005 година.

Како дел од истиот процес, на обвинителна клупа е и компанијата Tалес, чии претставници ја негираа вината под обвинение за рекет и перење пари.

Би можело да ве интересира

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

A1on

Три лица загинаа, а 40 се повредени кога се урна ѕид од брана во рудник во ЈАР

Горан Наумовски

Наезда на скакулци во ЈАР

Ана Ололовска

ЈАР: Наместо пофалби, светот ја казнува ЈАР за откривањето во рана фаза на нова мутација на коронавирусот

Ана Ололовска

Место со вакцината на „АстраЗенека“ ЈАР ќе се имунизира со вакцината на „Џонсон& Џонсон“

Ана Ололовска

Во ЈАР регистрирани милион заразени со коронавирусот

Ана Ололовска