Кина пак ќе го дарува Непал, со нови милион вакцини

Од:

Кина денеска соопшти дека на Непал ќе му подари еден милион дози вакцини, што ќе биде последната меѓународна помош за оваа сиромашна хималајска земја поради влијанието на Ковид-19, јави ДПА.

„Кинескиот претседател Си Џинпинг оваа вест ја соопшти за време на телефонскиот разговор со неговиот непалски колега Биџа Деви Бхандари“, на Твитер напиша кинескиот амбасадор во Непал, Ху Јанки.

„Кинескиот претседател Кси Џинпинг кажа дека Кина ќе обезбеди еден милион дози вакцини против Ковид-19 на Непал како помош во грант“, напиша денеска Ху на Твитер.

Претходно, Кина на Непал му подари 800.000 дози од вакцината „Синофарм“.

Непал досега вакцинираше околу два милиона од околу 30 милиони жители, главно со вакцини доделени од Индија и Кина, пренесе ДПА.

Вториот бран од епидемијата е поттикнат главно од новите варијанти на вирусот, првпат откриени во соседна Индија, со која Непал дели околу 1.770 километри отворена, слабо контролирала граница. сд/

2021-05-26 15:29:43, од Сашко Димевски

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени