Шахпаска: Работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната седница на Економско социјалниот совет истакна дека работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи.

-Во периодот на пандемија како општество направивме сериозен исчекор во прилагодување на работниот процес онаму каде што можеше согласно условите коишто беа наметнати од новонастанатата состојба, потенцираше Шахпаска на седницата на ЕСС, во врска со анализите направени од страна на Меѓународната организација на трудот(МОТ).

Анализите, кои се во рамки на Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, се однесуваат на претприемачката култура, работата на далечина, пристапот на микро, мали и средни претпријатија до финансиски средства и претприемачкиот еко систем во Северна Македонија.

-Овие анализи ќе бидат од голема корист во развојот и имплементацијата на економско социјалните политики, истакна Шахпаска.

На денешната седница беше презентирана и разгледана Нацрт рамката на индикатори кои ја мерат ефикасноста на Економско социјалните совети на државите од Западен Балкан. Овој документ е подготвен во рамки на регионалниот проект Платформа за вработување и социјални прашања 2.

-Значењето на овие индикатори е големо, бидејќи токму преку нив ќе можеме компаративно да ја согледаме ефикасноста на нашиот Економско социјален совет во однос на истите вакви тела од регионот, а со тоа ја унапредиме и неговата улога во водењето на социјалниот дијалог, рече министерката Шахпаска.

На иницијатива на Организација на работодавци на Македонија, на седницата на ЕСС беше презентирано и Националното истражување во рамки на проектот „Меѓугенерациски јаз“ спроведено од нивна страна. Ова истражување има за цел добивање на суштински податоци за управувањето со стареењето и меѓугенерациските предизвици на македонскиот пазар на трудот.

-Истражувањето упатува на тоа, дека повозрасните работници поседуваат работно искуство, знаење и посебни вештини, додека пак слабост им е новата технологија. Додека пак на новите генерации предност им се вештините и познавањето на информатичката технологија, а слабост немањето доволно искуство. Оттука произлегува и суштинското значење во надминувањето на меѓугенерацискиот јаз кој лежи во премостувањето на овие генерациски разлики, преку размена на искуство и знаење, појаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.

На седницата на ЕСС, од страна на членовите, беше избран Сали Сали како претставник од Економско социјалниот совет за член во Советот за статистика.

-Економско социјалниот совет продолжува во рамки на работни групи и тела преку водење на конструктивен социјален дијалог да влијае во креирање на политики кои се од заеднички интерес на чинители во општеството, велат од минисерството.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска